Еве како да ја исчистите машината за перење и засекогаш да го решите проблемот со мувлата и непријатниот мирис
Сите знаеме колку е важна машината за алишта за едно домаќинство. Сепак, колку и пари да сме дале за истата, со текот на времето, во истата се наталожува мувла и се појавува непријатен мирис.
Пред да побрзате со купувањето на нов уред, денес ви откриваме како да го зачувате и продолжите животниот век на вашата машина за перење, со помош на едно домашно и навистина евтино средство.
Домашно средство за ефикасно чистење на машината за перење
Целата тајна се состои во употребата на лимонската киселина. За мала машина за перење со капацитет 3,5 кг доволни ќе бидат 4 пакетчиња лимонска киселина од 15 грама. Доколку капацитетот на машината е поголем, тогаш неопходно е да ја зголемите дозата.
Додадете ја лимонската киселина во делот за прашок и вклучете ја машината на целосен циклус при максимална температура. На вообичаените машини за перење, тоа се однесува на програмата за памучни алишта, на 90°C, со времетраење од 137 минути. И тоа е сè!
Лимонската киселина темелно и ефикасно ќе ги прочисти и отстрани сите вишок наталожувања и при првото истекување на водата ќе забележите колку нечистотија и валкани наслаги биле наталожени во деловите на вашата машина за перење.