„Сите мислат дека давам многу пари за фризер, но не! Еве како сама ја ламинирам косата, а ефектот трае 2 недели“
Ламинирањето и кератинското исправување на косата е еден од најпопуларните третмани во фризерските салони. Повеќето дами даваат многу пари за да го добијат ефектот на совршено права коса.
Токму за оваа цел, да заштедите и пари и време, денес ви откриваме како сами дома лесно да ја ламинирате вашата коса, а домашен третман чиј моќен ефект ќе трае неверојатни 2 недели!
Домашна маска за ламинирање на коса
Потребни состојки
- 100 гр кокосово млеко (не масло)
- 2 супени лажици сок од лимон
- 1 супена лажица зејтин
- 1,5 супена лажица нишесте од компир
Начин на подготовка
Додадете го нишестето во сокот од лимон и добро измешајте ги состојките, до добивање на една соединета смеса, без грутки.
Поставете ја добиената лимонска смеса во мало тенџере, а потоа додадете ги кокосовото млеко и зејтинот. Добро загрејте ја смесата, но без да ја доведете до вриење.
Откако маската ќе стане густа, нанесете ја на чиста и влажна коса. Внимателно распоредете ја маската врз целата коса и одозгора поставете капа за туширање, а потоа завиткајте ја главата и во крпа. Оставете ја маската да дејствува 45 минути, а на крај измијте со шампон кој не содржи сулфат.
Посакуваните резултатите ќе ги забележите веднаш по првиот третман. Вашата коса ќе стане свилена, мека и неверојатно нежна!