2 моќни рецепта со квасец за потхранување, кои ќе дадат извонредно богати резултати – Растенијата ќе растат како луди!
Квасецот е неверојатен стимулатор за раст на градинарските растенија. Истиот има бројни хранливи вредности, кои се од клучно значење за виталноста на растенијата. Тој ги подобрува почвените микроби и значително го поттикнува растот на растенијата.
2 моќни домашни рецепта со квасец за богат раст на растенијата
Рецепт бр. 1
Растворете една коцка квасец во 5 литри загреана вода. Оставете ја смесата да отстои 60 минути. Ова потхранувачко средство е неопхдно да го приготвите непосредно пред моменот кога планирате да го употребите. Потоа земете 1 литар од растворениот квасец и разредете го во 10 литри вода, а потоа нанесете врз растенијата.
Рецепт бр. 2
Растворете 100 грама квасец и 50 грама шеќер во 3 литри топла вода. Оставете ја смесата да ферментира 7 дена. Потоа се разредува 1 шолја од растворот во 10 литри вода и на овој начин се потхрануваат растенијата.