Домашна моцарела од 2 состојки, готова за 30 минути! Неверојатно вкусна и здрава
Моцарелата е омиленото пресно сирење на Италијанците и на цел свет, без кое пицата би била обично парче леб. А еве колку лесно сами може да приготвите вкусна домашна моцарела.
Домашна моцарела од 2 состојки, готова за 30 минути!
Моцарелата е омиленото пресно сирење на Италијанците и на цел свет, без кое пицата би била обично парче леб. А еве колку лесно сами може да приготвите вкусна домашна моцарела.
Servings: 4
Ingredients
- 4 литри пресно млеко
- 8-10 супени лажици оцет 9% (може да биде заменет со сок од лимон)
Instructions
- Ќе ви биде потребно големо тенџере. Исипете го млекото воистото и поставете го на оган. Загрејте го млекото до 45-50°C т.е треба да е многу топло, но без да зоврие.
- Потоа кренете го тенџерето од оганот и започнете сододавањето на оцетот (сокот од лимон), лажица по лажица, додека непрекинато мешате. Додавајте го вака оцетот додека се одделуваат сирењето и светло жолтата сурутка.
- Во овој момент е неопходно внимателно да мешате и постепено да формирате топка од сирењето. Замесете го сирењето, отстранувајќи го вишокот на сурутка,
- Повторно загрејте ја сурутката, за да стане врела, некаде околу 60-70°C, додадете супена лажица сол и поставете го во истата собереното сирење. Потоа започнете да го истегнувате со раце. Овој процес ќе го направи сирењето хомогено и еластично. Оформете од истото една голема топка или неколку помали.
- Последниот чекор е да го потопите сирењето во многу студена вода, за да се стабилизира.