Бананите се богати со скроб, кој има низок гликемиски индекс, што значи дека истите се варат подолго време, со што остануваме сити подолго време и истовремено тие делумно ја блокираат апсорпцијата на јаглехидратите.

Оваа диета, која вклучува започнување на денот со банана и чаша топла вода, е позната како „Утринска банана“ и е многу едноставна за држење, а дава неверојатни резултати.

Таа влијае на губење на тежината затоа што бананите всушност го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Луѓето кои сакаат да ја пробаат оваа диета треба да избегнуваат вечера после 20 часот и исто така да избегнуваат десерт по вечерата.

Од храната не смеете да консумирате само млечни производи и алкохол, а единствениот друг услов е бананите да бидат свежи, а не печени или замрзнати.

Едно вообичаено дневно мени треба да го содржи следново:

Појадок

  • Една или повеќе банани (сè додека не се чувствувате сити)
  • Една чаша топла вода

Ручек

  • Оброк по ваш избор и свежа салата
  • Слатки и десерти се дозволени до 15 часот ако се чувствувате гладни

Вечера

  • Оброк што содржи многу зеленчук
  • Прескокнете го десертот

Ако ги следите правилата, нутриционистите тврдат дека е возможно да се изгубат од 3 до 5 килограми во рок од една недела.