За само 3 дена ќе симнете 4 кг: Воена диета која гарантира брзи и трајни резултати!
Оваа диета е неверојатно популарна меѓу луѓето кои сакаат да изгубат тежина за рекордно кратко време. Воената диета се заснова на мали оброци, а е дизајнирана да согорува вишок маснотии.
Благодарение на ова, истата го забрза метаболизмот, а крајниот резултат е губење на 4 килограми за само 3 дена.
За време на држењети на диетата неопходно е да се консумираат најмалку два литра обична вода, додека кафето и чајот се дозволени само доколку се пијат без шеќер, млеко или алтернативни засладувачи, додека пак консумирањето на алкохол е строго забрането.
Покрај тоа, се препорачува да пешачите барем 30 минути на ден.
Ниту еден нутриционист не поддржува самоиницијативни и рестриктивни диети, кои се базираат на слаб внес на калории со цел да се постигне енергетски дефицит, без стручен увид во здравјето на личноста, вели нутриционистот Кармен Мелки и додава:
„Оваа диета не се препорачува за лица со нарушено здравје затоа што може да доведе до општа слабост, главоболка, низок крвен притисок, хипогликемија и лоша индивидуална реакцијат. Во никој случај се препорачува кај жени кои имаат проблеми со тироидната жлезда.“
Прв ден
Појадок
- ½ грејпфрут
- 1 парче тост
- 2 лажици путер од кикиритки
- 1 шолја кафе или чај
Ручек
- 115 грама туна
- 1 парче тост
- 1 шолја кафе или чај
Вечера
- 85 грама зготвено месо по желба
- 150 грама варен грав
- Половина банана
- 1 мало јаболко
- 1 топка сладолед од ванила
Втор ден
Појадок
- 1 јајце
- 1 парче тост
- Половина банани
Ручек
- 200 грама свежо сирење
- 1 тврдо варено јајце
- 5 мали крекери
Вечера
- 2 колбаси
- 175 грама варена брокула
- 25 грама моркови
- Половина банана
Трет ден
Појадок
- 5 крекери
- 1 парче тврдо сирење
- 1 мало јаболко
Ручек
- 1 тврдо варено јајце
- 1 парче тост
Вечера
- 230 грама туна
- Половина банана
- 1 топка сладолед од ванила