Гел-лакот не е премногу евтина козметичка услуга, особено доколку истата редовно се прави. Не е никакво изненадување дека речиси на секои 3-4 недели, дамите повторно се враќаат во козметичкиот салон.

А еве што ќе се случи доколку подолго време носите гел-лак:

1. По втората недела ноктите ја надраснуваат вештачката обвивка

Уште во 3-та недела, ноктите растат толку многу, што меѓу гелот и кутикулата се образува видно растојание. Притоа, покрај тоа што ноктите на овој начин изгледаат далеку од убаво, поради стрес и разни други надворешни фактори, значително се зголемува ризикот од нивно кршење.

2. Следниот маникир може да биде болен

По нанесувањето, гел-лакот станува значително поцврст и веќе во третата недела неговото отстранување станува сè потешко. Самата процедура за отстранување е доста штетна за ноктите – течноста ја суши нивната плочка, а исто така може да биде оштетена и нивната структура. А кога ќе се стави нова течноста, при нанесувањето може да почувствувате чувство на горење.

3. Ноктите стануваат тенки и кршливи

Долгиот контакт со хемикалиите ќе ги направат ноктите потенки, а притоа и кршливи. Покрај тоа истите може да започнат да се делат на слоеви, а на самата плочка да се појават бели дамки, со што ноктите воопшто нема да изгледаат пријатно.

4. Може да се појават габички

Ако не го отстраните гел-лакот после 3 недели, тогаш неверојатно голем е ризикот на ноктите да се појават несакани габички, кои ќе имаат идеална средина за размножување, што може да доведе до инфекција.