Тестото на Амишите, со кое никогаш нема да погрешите и е совршено за сè
Амишите се народ кој најмногу е познат по тоа што строго ги негува своите традиции. Традициите се манифестираат и во готвењето, а денес ви предлагаме да го пробате нивното тесто идеално за сè!
Тестото на Амишите
Амишите се народ кој најмногу е познат по тоа што строго ги негува своите традиции. Традициите се манифестираат и во готвењето, а денес ви предлагаме да го пробате нивното тесто идеално за сè!
Servings: 4
Ingredients
- 2 шолји брашно
- 1 кафена лажица сол
- Половина шолја растително масло
- 50 мл млеко
Instructions
- Најпрво, исипете го брашното во садот. Амишите предвремено отстрануваат по 1 кафена лажица брашно од секоја шолја, при што се препорачува да го следите нивниот пример. Додадете сол кон брашното и добро измешајте ги состојките.
- Исипете го маслото за готвење во одделен сад, додадете го и млекото и добро измешајте ги состојките. Додадете ја добиената смеса кон брашното и внимателно измешајте, до добивање на густо тесто. За да може полесно да работите, може да ги премачкате вашите раце со масло.
- Замесете го тестото, а потоа поделете го на 2 еднакви дела. Поставете на пример еден дел меѓу 2 листа хартија за печење и со помош на сукало, обликувајте го тестото до посакуваната големина.
- Имајте во предвид дека добиената кора треба да е поголема од формата на садот. Поставете ја кората во садот и добро премачкајте ја од сите страни.
- Врз кората може да додадете било каков фил, по ваша желба. Сега обликувајте го и другиот дел од тестото врз истите листови од хартијата за печење. Внимателно покријте го филот со втората кора и притиснете ги краевите.
- Не заборавајте да направите засеци на краевите. Може да нанесете одозгора шеќер или да премачкате со жолчки. Поставете го десертот во претходно загреана рерна на 200°C ипечете 50-55 минути.