Подмладувањето на лицето и на целото тело, не може да се состои само од козметички процедури. Неопходно е да се комбинираат различни методи за подмладување, кои даваат неверојатни резултати. Сигурно сте забележале дека има уникатни жени кои изгледаат со 10, 15 години помлади, но не биле подложени на пластична хирургија.

Со овој еликсир на младоста кожата станува мазна и еластична по целото тело.

Состојки:

– 100 мл ленено масло
– 2 средни лимони
– 1 голема главица лук
– 0,5 кг мед

Подготовка:

Исчистениот лук, 1 лимон со кора и 1 лимон без кора измелете ги или изблендирајте ги во блендер.

Потоа измешајте со мед, додадете масло и добро промешајте.

Смесата се чува во фрижидер во стаклен сад.

Консумирајте три пати на ден по 1 лажица, половина час пред јадење.

Лененото масло е најбогатиот извор на лигнан, важен антиоксиданс, што во комбинација со лимонот го чисти црниот дроб и жолчните патишта.

Витамин Ц од лимоните е совршен антиоксиданс, ги зајакнува крвните садови на имунолошкиот систем и крвотокот.

Лукот ги чисти крвните садови , содржи и микроелементи кои се регенерираат и го подмладуваат целото тело.

Бидете млади и убави!