„Го варам кромидот 7 минути, а потоа со него ја мијам косата – Ефектот е неверојатен“
Бојадисувањето на косата со кромид не спаѓа во современите методи за убавина, но долго време нашите прабаби го користеле, со цел на косата да дадат уникатна нијанса.
Овој интересен метод, на русокосите може да им даде прекрасен нежно црвен ефект, а кај бринетите – светло прелевање на тоновите. Дали би сакале да го пробате? Во продолжение откријте како тоа лесно да го сторите.
Домашно бојадисување на косата со кромид
Ќе ви биде потребно
- 100 гр лушпи од кромид
- 200 мл вода
- 2 кафени лажици глицерин
Начин на подготовка и употреба
Најпрво, полејте го кромидот со вода. Доведете ја смесата до точка на вриење, а потоа варете 7 минути на умерен оган. Следно, додадете го глицеринот, измешајте и отстранете од оганот.
Оставете го растворот да се излади, а потоа со помош на памучен туфер, нанесете го растворот врз косата. Оставете го да дејствува од 30 минути до 2 часа, во зависност од тоа каква нијанса сакате да добиете.
Третманот може да го повторувате секој ден, до добивање на посакуваните резултати.