Турската домашна маска за лице е вистински хит во светот! Кожата е видно затегната по само првото нанесување
Кожата со текот на годините, од младешка со свеж изглед ја губи нејзината мазна текстура и се појавуваат несаканите здодевни брчки. Како да го спречите и решите овој естетски проблем брзо и лесно?
Токму за оваа цел денес ви го претставуваме едно од најдобрите природните решенија, кое воедно е вистински хит меѓу дамите ширум светот. Станува збор за домашна затегнувачка маска по турски рецепт, кој значително ја подмладува кожата.
Сите состојките потребни за подготовка на истата се лесно достапни секаде, а моќниот ефект од маската се забележува уште по првиот третман.
Турска затегнувачка маска за лице
Потребни состојки
- 3 супени лажици сода бикарбона
- 1 кафена лажица мед
- 1 кафена лажица течен витамин Е (достапен е во аптеките)
- ¼ кафена лажица мелен цимет
- 4 кафени лажици пресно млеко или павлака
Начин на подготовка и употреба
Добро измешајте ги сите состојките заедно до добивање на една соединета густа смеса. Нанесете дебел слој од домашната маска врз претходно исчистените лице и врат, а притоа избегнувајте ја зоната околу очите и усните.
Оставете ја маската да се исуши, а по 15-20 минути исплакнете со топла вода, лесно триејќи ја кожата.
По миењето на маската, веднаш ќе забележите дека кожата е значително освежена, осветлена, а порите – прочистени и затегнати. Користете ја маската 2 пати неделно.