Француската диета на Брижит Макрон, на која го должи нејзиното совршено тело – Со супер исхрана до неверојатни резултати
Првата дама на Франција, Брижит Макрон не беше премногу добро прифатена од населението на самиот почеток, но постепено таа заедно со нејзиниот префинет моден вкус и стил, ги освои сите.
Во Април, оваа година, првата дама наполни 67 години, а притоа сите се едногласни дека на таа возраст, Брижит изгледа едноставно неверојатно! Поранешната професорка може да се пофали дека нема апсолутно никаков проблем со вишокот килограми и општо со тежината, при што не се двоуми да облекува кратки модни парчиња, кои совршено стојат на нејзината фигура.
Диетата на Брижит Макрон
Иако таа секогаш е во чекор со модата, првата дама е всушност старомодна кога станува збор за исхраната. Таа не приврзаник на ниту една од популарните диети кои ги следат светските ѕвезди.
Нејзиното секојдневно мени се состои од 10 сезонски овошја и зеленчуци и во ниту еден случај не консумира брза храна. Според истакнатиот нутриционист, Френки Филипс, методот кој го следи Брижит е многу правилен и е еден од најздравите начини за одржување на здравјето и младиот изглед.
Филипс смета дека со ваквиот режим на исхрана луѓето покрај тоа што имаат одлична фигура, воедно значително го намалуваат ризикот од срцеви болести.
Овошјето и зеленчуците не се само богат извор на хранливи материи, туку се неопходни токму за повозрасните дами, бидејќи даваат моќен помдладувачки ефект. Еве кои се тие, кои Брижит редовно ги консумира:
- Спанаќ – Богат со лутеин и зеаксантин, кои ја спречуваат појавата на катаракта и ја одржуваат мрежницата во одлична форма.
- Црвен пипер – Содржи големо количество на витамин Ц и каротин, кои важат за моќни антиоксиданти. Го зајакнуваат имунитетот и го спречуваат стареењето на кожата и појавата на брчки.
- Јаболко – Едно од најпопуларните овошја против стареење, кое содржи високо количество на пектин, кој ги отстранува токсините од организамот и ја одржува еластичноста на кожата.
- Авокадо – Неверојатно богато со витамин Е, кој важи за моќен антиоксидант. Нутриционистите најмногу го препорачуваат доколку имате сува и надразнета кожа.
- Брокула – Таа е богата со кверцетин, познат антиоксидант со антивоспалителни својства. Воедно се смета за одлично превентивно средство против артритис.