Маж посвои сираче од Сомалија и оттогаш поминаа 20 години – Погледнете како денес изгледа девојчето
Голем дел од населението во Африка сè уште живее во тешки сиромашни услови, а многу доброволци кои патуваат во овој дел од светот секогаш се трудат да достават доволно храна, облека и лекарства.
Едни од најголемите борци кои се залагаат за африканскиот народ и кои се трудат неговиот глас да биде слушнат во светот се токму фотографите, кои преку нивните моќни фотографии ја креваат свеста за условите во кои живеа луѓето во Африка.
Денес ви ја претставуваме емотивната приказна на еден фотограф, кој едноставно бил премногу погоден од сите непријатности што ги видел таму.
Пред точно 20 години, американскиот фотограф Џон ја посети Африка, поточно Сомалија. За време на неговиот тамошен престој, еден ден шетајќи низ улиците, Џон забележал како во сета прашина и нечистотија седи едно мало и слабо девојче. Откако направил прекрасни фотографии од истата, фотографот сакал истите да ги подари на нејзините родители, но така разбрал дека девојчето всушност е сираче, кое живее на улицата само, препуштено на милостината на случајните минувачи.
Џон едноставно не можел да си замине без да направи нешто, па така пред неговот поаѓање назад кон САД, тој успеал да ги пополни сите потребни документи и официјално го посвоил девојчето.
Денес девојката по име Фатима Саид е законски граѓанин на Америка и воедно успешен модел со уникатна убавина која ги воодушевува сите!