Како брзо да го избелите пожолтениот градник и да заблеска, како да сте го купиле вчера
Сите знаеме дека белата облека е посклона кон побрзо валкање, со што дамките не само што се повеќе видливи, туку што може да останат и подолго време, со што нивното отстранување понекогаш е навистина тешко.
Особено кога станува збор за белите градници, тоа може најдобро да се забележи, поради самиот факт што од потењето, дезодорансот и неправилната грижа лесно доведуваат до губење на снежнобелиот изглед.
Токму за оваа цел, денес ви откривам еден многу едноставен трик, како вашиот бел градник повторно да заблеска и да изгледа како нов!
Трик за перење на бели градници
Не заборавајте при изведувањето, да носите гумени ракавици, со цел да ги заштитите вашите раце и кожа.
Ќе ви биде потребно
- 2 литри топла вода
- 2 супени лажици сол
- 3 супени лажици сода бикарбона
- 1 супена лажица прашок за перење
Начин на подготовка и употреба
Растворете ја солта, содата и прашокот во водата, а потоа во добиениот раствор потопете го вашиот градник и оставете го да отстои 15 минути. Доколку е потребно, може да го оставите и 30 минути. Потоа измијте и истријте го со раце, без да правите премногу движења и тоа е сè!