„Додавам 2 состојки од кујната наместо прашок и машината за алишта се чисти од сите нечистотии со едно вклучување“
Иако можеби не посветуваме премногу внимание на машината за перење, факт е дека во денешно модерно време, не би можеле да функционираме без истата во секојдневието.
Со цел правилно да ја одржуваме и да го продолжиме нејзиниот животен век, денес ви откриваме лесен трик како брзо и ефикасно да ја исчистите машината за алишта од сите нечистоии и наталожени наслаги.
Домашен трик за ефикасно чистење на машината за перење
Ќе ви биде потребно
- Половина шолја оцет 70%
- ¼ шолја сода бикарбона
- 60 мл вода
- Сунѓер за миење садови
Начин на подготовка и употреба
Измешајте ги содата и водата, а потоа додадете 2 супени лажици оцет. Исипете ја добиената смеса во делот за прашокот. Останатиот дел од оцетот додадете го внатре во машината за перење.
Вклучете го уредот на највисока температура, а по перењето темелно избришете ја машината со сунѓер и исплакнете со вода.