Извонредниот „Баунти“ колач, инспириран од популарното американско чоколадо е совршеното брзо решение доколку ве посетат ненајавени гости, а немате ништо претходно подготвено. Истиот е готов за 10 минути, а едноставно освојува со недоливиот вкус!

„Баунти“ колач

Извонредниот „Баунти“ колач, инспириран од популарното американско чоколадо е совршеното брзо решение доколку ве посетат ненајавени гости, а немате ништо претходно подготвено. Истиот е готов за 10 минути, а едноставно освојува со недоливиот вкус!
Total Time30 minutes
Course: Десерт
Cuisine: Американска
Клучни зборови: баунти, баунти колач, кокос
Servings: 4

Ingredients

  • 300 гр мелени бисквити
  • 200 гр темно чоколадо
  • 100 мл млеко

За филот

  • 500 мл млеко
  • 80 гр пченичен гриз
  • 100 гр шеќер
  • 200 гр кокос

За глазурата

  • 100 мл слатка павлака
  • 100 гр темно чоколадо
  • 40 гр путер

Instructions

  • Изрендајте го чоколадото и додадете ги мелените бисквити. Добро измешајте, до добивање на соединета смеса. Додадете го и млекото и повторно добро измешајте.
  • Во калап за торта поставете го бисквитното тесто и распоредете го рамномерно. Притиснете со раце со цел да добиете рамна површина.
  • Во тенџере додадете пола литар млеко, шеќер и пченичен гриз, добро измешајте и поставете ја смесата да се готви. Повремено мешајте, со цел млекото да не загори. Мешајте додека филот не стане густ. Во приготвениот гриз додадете го кокосот и добро измешајте.
  • Добиениот фил нанесете го врз бисквитното тесто. Кога колачот ќе се излади, одозгора полејте го со глазурата која претходно сте ја приготвиле од слатката павлака, темното чоколадо и путерот.
  • Оставете го колачот сосема да се излади.