„Со оваа домашна маска се ослободив од старинските дамки на рацете за само 2 недели“
Со текот на возраста, кожата ја губи нејзината еластичност, а воедно покрај годините, надворешните фактори, како изложеноста на сончевите зраци, доведува до појава на непријатните старински дамки.
Токму денес ви откриваме како најбрзо и едноставно да се ослободите од истите на природен начин, со следното лесно домашно решение.
Домашна маска против старински дамки
Измешајте 1 супена лажица квасец со 1,5 кафена лажица исцеден сок од лимон. Добиената маска нанесете на местата каде имате старински дамки, како лицето или рацете и оставете ја истата да дејствува половина час. По 30 минути, измијте ја смесата со млака вода и на крај нанесете навлажнувачка крема на кожата.
Исто така, може да измешате сок од лимон со обична вода во сооднос 1:10, потопете памучен туфер во растворот и истиот нанесувајте го на кожата двпати дневно.