Еве каде треба да ја поставите орхидејата во домот, за да полуди од цветање!
Дали сметате дека орхидејата е каприциозно растение, кое бара постојана грижа? Денес ви откриваме дека всушност тоа не е вистина и условите за раскошно цветање на ова растеније се многу едноставни.
Лесни услови за цветање на орхидеите
Основната тајна е во создавањето на услови кои наликуваат на природните. Без грижи, тоа не значи дека треба да создадеме тропски џунгли во модерните станови. Орхидејата е всушност многу едноставна, иако повеќето на почеток го мислат токму спротивното.
Основната работа која на ова цвеќе не му се допаѓа е директната сончева светлина. Но, исто така, ако е поставена премногу далеку од прозорците, нема да се развива нормално.
Штом ќе ја донесете орхидејата во вашиот дом, веднаш треба да изберете едно постојано место за истата, бидејќи ова прекрасно растение не сака да го менува своето место. Кога ќе го промените местото, можеби сите нејзини пупки ќе пораснат, а корените ќе заостанат, чекајќи дури соодветни услови.
Најдоброто место за цветање на орхидејата, колку и апсурдно да звучи е на прозорецот. Во текот на летото, најдобра е западната или источна страна, а преку зимата – јужната страна.