8-те златни и лесни правила за вечна младост од 75-годишната Валиде Султан од „Величествениот“
Небахат Чехре е една од најистакнатите и најценети турски актерки, која благодарение на нејзиниот актерски талент стекна популарност ширум светот. Покрај нејзиниот талент, актерката важи и за една од најпрекрасните и харизматични ѕвезди во Турција.
Позната по нејзиниот незаменлив шарм, актерката во Март оваа година наполни 75 години, а ретко кој може да поверува дека ѕвезда е на оваа возраст, бидејќи изгледа и повеќе од совршено.
„Не сум љубител на прекумерената грижа за кожата и не ги сакам посетите на козметичкиот салон, но во текот на целиот живот на секои 2 недели одам на амам (бања) и правам пилинг. Покрај тоа, цел живот 40 минути пред секој оброк пијам чаша топла вода со лимон. Повеќе од една деценија не практикувам никаква посебна физичка активност, ниту пак држам диети.“ – вели Чехре.
Актерката открива на кои 8 златни правила се должи нејзиниот вечен младешки изглед, а кои секој може да ги практикува, бидејќи се неверојатно лесни и едноставни за следење:
8 златни правила за вечна младост
- Не пушам цигари.
- Леб и јадења со тестенини консумирам само за појадок.
- Наместо црвено месо претпочитам риба.
- Меѓу оброците консумирам свежи овошја и зеленчуци.
- Не си легнувам со шминка во ниту еден случај.
- Секојдневно пијам не помалку од 2 литри вода.
- По 19 часот не консумирам ништо.
- Ја чистам кожата и косата и секогаш се трудам да мирисам пријатно.