Сите сме се почувствувале уморни после јадење. Постојат храни кои и покрај нормалните порции и здравствените квалитети, ни ја намалува енергијата.

Паста

Во принцип јаглехидратите ни даваат енергија, но кога консумираме рафинирани јаглехидрати – пример паста, тоа го зголемува нивото на шеќерот во крвта, проследено со пад на инсулинот, што може да предизвика замор и слабост. Истото важи и за белиот леб и печивата.

Банани

Познато е дека овие плодови се богати со калиум, кој помага на нервната функција и за општото здравје. Освен тоа бананите се полни со магнезиум, што му помагаат на телото да се подеси за спиење.

Црвеното месо

Тоа содржи железо, кое дава енергија, но освен тоа содржи високи нивоа на масти. Полномасни млечни производи, пицата и сосот не тераат да чувствуваме замор, бидејќи мастите се потешки за разградување во телото. Ова троши повеќе енергија за варење, што нè тера да се чувствуваме исцрпени.

Цреши

Тие се природен извор на мелатонин – хормон кој го подобрува квалитетот на сонот, а тоа е одлично за текот на ноќта, но не и за преку денот. Значи, ако страдате од несоница, чаша сок од цреши пред спиење може да направи чудо за Вашиот сон.

Лосос

Оваа риба е голем извор на протеини и омега-3 масни киселини. Освен тоа, во неа се содржи витамин Б6, кој телото го користи за производство на мелатонин.

Марула

Ова растение има седативни својства кои му влијаат на мозокот на начин сличен на опивки. Седативната супстанца во салата се вика лактуцин, таа има ублажувачко и смирувачко дејство.