Чоколадото е добро за срцето, го намалува стресот и ги топи килограмите
Многу луѓе јадат чоколадо секојдневно и не го сметаат тоа за лоша навика. Донекаде имаат право, бидејќи чоколадото има свои предности за здравјето. Но, сепак тоа важи само за црното чоколадо. Здравите својства се должат на високата содржина на какао.
Внимание!
Експертите советуваат да консумирате чоколадо со над 70% содржина на какао и не повеќе од 4 чоколади неделно.
Добро е за срцето
Долгогодишна студија во Шведска докажува дека кај жените кои консумираат по две темни чоколада неделно, процентот на ризикот од кардиоваскуларни болести е понизок. Друго истражување во Германија покажа дека чоколадо дневно го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од инфаркт и мозочен удар за 40%. Ова се случува благодарение на содржаните флавоноиди – тие се антиоксидантни соединенија кои ја зголемуваат флексибилноста на вените и артериите.
За диета
Не верувате, нели? Па верувајте. Во Универзитетот на Копенхаген откриле дека црната чоколада Ве заситува, па ако не се придржувате строго кон диетата, јадете по неколку парчиња од неа и ќе имате одлични резултати.
За бремени
Повторно научно е докажано дека жените кои во текот на целата бременост консумирале чоколадо подобро се справуваат со стресот од раѓањето и со постпородилната депресија, а нивните бебиња повеќе се смеат.
Превенција против дијабетес
Ова се случува бидејќи флавоноидите го зголемуваат производството на азотен оксид, кој помага да се контролира чувствителноста на инсулин.
Го намалува стресот
Ако некогаш сте страдале од љубовна мака, сигурно сте откриле дека само неколку залаци чоколадо нагло го подобруваат расположението.
За заштита од сонцето
Чудно но вистинито. Редовното консумирање на црна чоколада во текот на три месеци има добар ефект врз кожата, односно така може потешко да изгорите, а ефектите од изгорениците минуваат побрзо.
Ја зголемува концентрацијата
Следниот пат кога имате некоја важна задача, опремете се со црна чоколада. Освен што ќе Ве смири, таа ќе ја подобри и работата на мозокот. Докажано е дека редовното пиење на какао го зголемува протокот на крв во мозокот во текот на 2 до 3 часа, што ја подобрува неговата продуктивност и вашата внимателност.
Ја ублажува кашлицата
Чоколадото ја ублажува кашлицата благодарение на теоброминот, супстанца која ја има во какаото.
Други податоци за чоколадото:
Не можеме да го обвинуваме за забниот кариес. Ако имате добра орална хигиена, потрошувачката на чоколадо нема да им наштети на Вашите заби.
Зависност кон чоколадото постои и најчесто негови жртви се жените.
Треба да го држите подалеку од други храни, бидејќи лесно презема мириси, и во никој случај во фрижидер. Идеална температура за чување на чоколадо е 15 – 17 степени.