„Започнав да купувам многу Кока-Кола за дома, но не за пиење“ – 3 неверојатни примени за градината
Некои уживаат во вкусот на Кока-Кола додека седат во кафулето, други пак со популарниот газиран пијалок го маринираат пилешкото месо, а само малкумина во градината не влегуваат без истата! Еве и зошто.
1. Заштита на растенијата од лисни вошки
Кога лисните вошки започнуваат да се размножуваат, тие набрзо ја преземаат целата градина. Купувањето на хемиски средства може само дополнително да ги оштети растенијата.
Во тој случај, Кока-Колата е ваш сојузник. Протресете го шишето и ослободете го целиот гас од напитокот.
Додадете неколку супени лажици течен сапун и добро измешајте, а добиениот раствор исипете го во сад-спреј. Прскајте од средството врз малите штетници на секои 2 недели и за кратко ќе ги елиминирате ефикасно!
2. Убоди од инсекти
Летото е прекрасно време, кога сакате да дишате чист воздух, да готвите на отворено, но здодевните комарци ретко кого го радуваат и овие инсекти лесно може идилата на отворено да ја претворат во вистински кошмар.
Во овие ситуации, Кока-Колата може да помогне на неколку начини. Најпрво, газираниот напиток помага за значително ублажување на чешањето и болката, кои се предизвикани од разни инсекти како пчели, комарци, а помага и при убод од медузи.
Второ, шишињата од Кока-Колата се одлични стапици за овие инсекти. Исечете го шишето како што е прикажано на фотографијата и истото наполнете го со топла вода и шеќер или оставете го газираниот напиток.
Додадете сув квасец, а оваа смеса ќе ги привлече несаканите здодевни инсекти и така, најлесно, без многу труд, брзо ќе се ослободите од истите.
3. Компост
За подобрување на структурата на почвата помага органско ѓубриво – компост. Многу сопственици на градини, со цел да го забрзаат целиот овој процес на претворање растителните отпадоци во ѓубриво, ја користат токму Кока-Колата како стимулатор на компостот.