Турски банички со сирење, без квасец – Неверојатно меки, со тесто што се топи во уста
Овие турски банички со сирење се совршената лесна ужина. Нежни и вкусни, а најважното од сè, остануваат меки со денови. Се приготвуваат брзо и лесно, а за истите нема да ви биде потребен квасец.
Турски банички со сирење, без квасец
Овие турски банички со сирење се совршената лесна ужина. Нежни и вкусни, а најважното од сè, остануваат меки со денови. Се приготвуваат брзо илесно, а за истите нема да ви биде потребен квасец.
Servings: 4
Ingredients
- 430 гр брашно
- 12 гр пециво
- 3 јајца
- 100 гр путер
- 1 кафена лажица шеќер
- 1 кафена лажица сол
- 60 мл масло за готвење
- 100 мл кисело млеко
- 15 мл оцет
За филот
- 1 јајце
- 250 гр сирење или урда
Instructions
- Во длабок сад, исипете го путерот на собна температура, притоа додадете го шеќерот и солта и добро измешајте ги состојките. Додадете масло, оцет и кисело млеко и повторно добро измешајте, до добивање на соединета смеса.
- Следно, изматете 2 јајца + 1 белка ( жолчката одделете јаза премачкување) и додадете ги во претходната смеса. Повторно добро измешајте до конзистенција. Додадете го брашното на порции, пресеано со пецивото. Замесете го тестото со лажица, а потоа продолжете да месите со раце (премачканисо масло). Ќе добиете многу меко, нежно и деликатно тесто, кое не се лепи по прстите.
- Поделете го тестото на топки, а потоа пригответе го филот, со мешање на јајцето и сирењето (урдата).
- Земете парче тесто, нанесете малку брашно, обликувајте го тестото со раце до потенка и плосната пита. Во средина поставете од филот и притиснете го одозгора тестото со прсти.
- Добро оформете ги сите банички, подредете ги во сад, со хартија за печење, одозгора премачкајте со жолчки и печете 30-35 минути во претходно загреана рерна на 200°C.