Еве ја конечно и принцезата Беатрис како невеста – Погледнете го нејзиниот уникатен невестински фустан и неверојатна круна
Откако успеа да го изненади целиот свет, стапувајќи во брак со тајна церемонија, британската принцеза Беатрис стана вистинска сензација, а јавноста беше нетрпелива да дознае повеќе детали.
Внуката на кралицата Елизабета Втора и нејзиниот избраник Едуардо Моци, кој инаку е магнат за недвижности, беа во план да направат свадба на 29-ти мај оваа година. Но, поради пандемијата, свадбениот настан беше одложен.
Сега, без знаење на јавноста или воопшто објавување во медиумите, венчавката се одржа на 17-ти јули, а на истата беа поканети не повеќе од 20 гости. Меѓу истите беа кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип, родителите на невестата, а непознато е кои други се нашле на малата листа.
Со тијара од самата кралица и фустан со потпис од дизајнерот Норман Хартел, принцезата Беатрис изгледа како од бајките на свадбените фотографии кои сега се јавно објавени.