Еве како денес изгледа жената која 20 години јадела само сладолед
Кога, денес 23-годишната Кортни Бекстер, од Англија, наполнила само 1 година од раѓањето, започнала да се откажува од консумирањето на секаква храна. Единственото нешто кое можела да го јаде бил сладоледот.
20-годишната Кортни не јадела ниту овошје, ниту риба, а никогаш не пробала ниту кафе. Таа не посетува барови и ресторани, а сето што било потребно да го задоволи нејзиниот апетит може да се најде во сечиј ладилник.
Младата жена развила посебен однос со консумирањето сладолед поради нејзиниот страв од тврда храна, од која буквално добивала хистерични напади. Уште од најрана возраст, Кортни добила впечаток дека тврдата храна може да предизвика штета, а согледувајќи го сладоледот како мека состојка, веднаш се приврзала со истиот, бидејќи само со јадењето сладолед се чувствувала спокојна.
„Секогаш се чувствував безбедно кога јадев сладолед, бидејќи знаев дека нема да ме разболи ниту да ме повреди на било кој начин. Јадев сладолед секој ден, но поради големите количества на шеќер, започнав да имам здравствени проблеми. Секогаш кога се обидував да пробам нешто ново, како колбаси, добивав хистерични напади.“- раскажува Кортни.
Било утврдено дека девојката страда од растројство при селективно нарушување во исхраната. Кога наполнила 21 година, Кортни решила да е крајно време да го реши овој проблем, бидејќи лекарите ја предупредиле дека наскоро би можела да развие дијабетес.
„Отсекогаш сакав да го решам овој проблем, но не знаев воопшто од каде да започнам, сè додека не разбрав за хипнозата.“ – додава младата девојка.
Таа имала неколку сеанси со хипноза и започнала да посетува психолог. На сеансите открива дека се чувствувала смирено, а потоа кога се будела од истите, пред неа била сервирана нова храна, од која повеќе не се плашела.
Сега Кортни слободно консумира овошје и зеленчуци и секаква храна и конечно се чувствува слободно!