Двојна маска за лице со јајце, која ги отстранува брчките и видливите последици од секојдневниот замор
Секоја жена мечтае за совршена и беспрекорна кожа, но дури и оние кои имаат супер гени не се имуни на факторите како ултравиолетовите зраци, температурните промени, знаците на стареење и сл.
Тоа значи дека дури и дамите со совршена кожа имаат потребна од соодветна нега и грижа. Токму за оваа цел, денес ви откриваме чудесен природен рецепт кој ќе симне неколку години од вашето лице, значително ќе го освежи, а вие ќе изгледате едноставно прекрасно.
Моќна домашна маска за лице со јајце
Потребни состојки
- 1 кафена лажица кисела павлака (за сува кожа) или кисело млеко (за мрсна кожа)
- 1 жолчка
- 1 белка
Начин на подготовка и употреба
Нанесувањето на маската се состои од 2 фази. Најпрво исчистете го вашето лице, така што ќе потопите парчиња салфетка во белката и истите ќе ги залепите на вашето лице. Оставете да отстои 30 минути, до целосно сушење. Потоа внимателно отстранете ја фолијата.
Следно, измешајте ја жолчката со киселата павлака или киселото млеко, во зависнсот од типот на вашата кожа. Нанесете ја добиената смеса врз лицето, оставете да отстои, a откако ќе се исуши, нанесете го и вториот слој.
На крај исплакнете ја маската со топла вода.