10 начини како да се изборите со киселините, кои се идеална средина за секакви заболувања – Од рак до прекумерена тежина
Конусмирањето на фабричка храна, рафинираните шеќери и ГМО храната лесно доведува до образување на кисела средина во организамот, која пак создава идеални услови за појава на многу заболувања.
Меѓу заболувањата, неретко спаѓаат и рак, проблеми со прекумерената тежина, разни видови на болки и слично. Единствениот спас е создавање на алкална средина, која е целосна спротивноста на киселата, а за среќа нејзиното создавање е многу лесно.
10 природни начини за воспоставување на pH баланс
- Започнете го денот со чаша вода и свежо исцеден лимон. Иако лимоните се кисели, тие имаат спротивен ефект врз телото. Пијте го напитокот на празен стомак. Другата варијанта е наместо лимон, во водата да додадете јаболков оцет.
- Консумирајте големи проции марула, зачинета со лимон и висококвалитетен зејтин. Зелените зеленчуци и овошја се еден од најдобрите извори на алкални микроелементи, како калциум. Консумирајте ги во текот на целиот ден.
- За ужина консумирајте сурови несолени бадеми, кои исто така содржат неверојатно многу алкални микроелементи како магнезиум и калциум. Покрај тоа што воспоставуваат pH баланс, го регулираат шеќерот во крвта.
- Пијте бадемово млеко.
- Секогаш кога можете, отидете на прошетка или вежбајте. Физичката активност помага за отстранување на киселините од организамот.
- Дишете длабоко и секогаш обидете се да поминувате повеќе време на свеж и чист воздух.
- Не консумирајте месо секој ден, бидејќи неговата секојдневна консумација доведува до образување на кисела средина во организамот.
- Избегнувајте десерти што содржат високо количество на шеќер, како и газирани напитоци. Шеќерот е една од најопасните видови на кисела храна.
- Вклучете повеќе зеленчуци во вашето дневно мени, со исклучок на компирите. Повеќе консумирајте пиперки, тиквички и домати.
- Консумирајте повеќе прокељ, кој содржи многу корисни ензими, кои организамот ќе го вратат на прав пат.