Паричиникот може да биде, не само модерен предмет за складирање на парите, туку и вистински талисман, кој привлекува материјална среќа. Според верувањата, сепак постојат одредени работи кои не треба да ги носиме во истиот.

Еве кои 3 работи се верува дека ја блокираат финансиската енергија и приливот на пари:

1. Фотографии

Дури и фотографиите од нашите најмили немаат место во паричникот, бидејќи според верувањата, секоја фотографија носи своја енергија. Паричникот е тесно поврзан со енергијата на сопственикот, при што секоја додатна надворешна енергија може само да ја наруши оваа врска и да предизвика финансиски проблеми.

2. Неуспешни лотариски ливчиња и искористени билети за превоз

Работите кои некогаш ви послужиле, а сега веќе се искористени и немате полза од нив, според верувата, привлекуваат беда. Ваквите предмети не се во состојба да привлечат среќа и пари, па затоа никогаш не треба да ги носите во вашиот паричник.

3. Фискални сметки

Нив може да ги чувате, но не во паричникот, бидејќи го блокираат приливот на пари и лесно може да предизвикаат финансиски загуби.