Домашна маска од банана за хидратирана кожа без брчки, која симнува 5 години од лицето
Бананата е една од најароматичните и најхранливи овошја. Таа воедно е и речиси првата храна со која бебињата се запознаваат. Покрај хранливата вредност, докажано е дека бананата има и една друга значајна улога.
Таа поседува неверојатни квалитети што ја прават извонредно козметичко средство. Бананата има лековито својства врз кожата. Причината што ја прави популарна за нега на кожата е фактот што е богата со витамин Ц и витамин Е. Потоа содржи и калиум, магнезиум, калциум, фосфор и цинк.
Благодарение на следната домашна маска од банана ќе го освежите вашите лице, ќе ги елиминирате знаците од замор и конечно ќе се ослободите од несаканите брчки.
Домашна маска од банана за освежено и подмладено лице
Потребни состојки
- 1 банана
- 2 супени лажици кисело млеко
Начин на подготовка и употреба
Изгмете ја или сомелете ја бананата во блендер, а потоа кон истата додадете 2 супени лажици кисело млеко. Добро измешајте ги состојките заедно, а потоа добиената смеса нанесете ја на вашето лице. Оставете ја чудесната маска да отстои половина час, со цел да млечната киселина и бананата да можат ефикасно да дејствуваат и да ги отстранат мртвите клетки.
На крај исплакнете со вода и за кратко ќе го забележите освежувачкиот, потхранувачки и подмладувачки ефект на вашето лице.