Како брзо и лесно да го стопите стомакот со магдонос и да ја спречите подуеноста
Ароматичнот магдонос е чудесен додаток и декорација на многу вкусни јадења, а со започнувањето на летото, нашето тело бара во дневното мени да го додадеме токму овој зеленчук.
И тоа не бесцелно, туку бидејќи токму во летната сезона на нашиот организам му се потребни повеќе голем број незаменливи аминокиселини, витамин А и фолна киселина, односно токму елементите со кои е богат магдоносот.
Дополнително, магдоносот го регулира крвниот притисок, го подобрува видот, го зголемува хемоглобинот и е моќно средство за слабеење, бидејќи истиот ефикасно ги согорува масните наслаги и го елиминира вишокот на течности во организамот.
Домашен напиток од магдонос за моќно слабеење
Потребни состојки
- 5 супени лажици исечен магдонос
- 1 литар вода
Начин на подготовка и употреба
Полејте го магдоносот со водата и поставете ја смесата да се вари 20 минути. Консумирајте го добиениот напиток во текот на денот. Користете го напитокот не повеќе од 5 дена, а ова време ќе биде доволно, магдоносот да ги извлече токсините од вашиот организам.