Еве како веднаш да го одмрзнете месото од замрзнувачот – Дури и килограм мелено месо омекнува за неколку минути
Ретко кој од нас месото го складира во ладилникот, токму поради фактот што неговиот рок на траење е доста краток, па затоа секогаш прв избор е замрзнувачот, каде месото може да биде подолго време.
Но, бидејќи понекогаш немаме премногу време да го чекаме месото да се одмрзне, па потоа да го приготвиме, за оваа цел, денес ви откриваме еден неверојатен трик како да заштедите многу време и процесот на одмрзнување на трае само неколку минути.
Како брзо да одмрзнете големо парче месо
Чекор 1
Извадете го месото од замрзнувачот. Истото е неопходно да е затворено во најлонски плик. Ако истиот е оштетен, завиткајте го во уште еден слој плик или проѕирна фолија.
Чекор 2
Земете голем сад и наполнете го со вода. Не е задолжително водата да биде врела, доволно е и на собна температура.
Чекор 3
Поставете го месото во врз метален сад за печење, а одозгора притиснете го со тенџерете со водата. По 5-15 минути, во зависност од големината и дебелината на месото, истото ќе биде целосно одмрзнато и спремно за приготвување.