Овој лесен чизкејк создаден од чудесна овошна комбинација од праски и манго, многумина ќе се согласат дека претставува идеален летен десерт, кој едноставно не остава никого рамнодушен! Совршен за летните горештини!

Чизкејк од праски и манго

Овој лесен чизкејк создаден од чудесна овошна комбинација од праски и манго, многумина ќе се согласат дека претставува идеален летен десерт, кој едноставно не остава никого рамнодушен! Совршен за летните горештини!
Cook Time1 hour
Course: Десерт
Cuisine: Американска
Клучни зборови: манго, овошен десерт, овошен чизкејк, праски, чизкејк

Ingredients

За филот

  • 500 мл слатка павлака
  • 400 гр крем сирење
  • 80 мл свежо млеко
  • 6 листови желатин
  • Половина манго
  • 120 гр шеќер

За пандишпанот

  • 200 гр бисквити со путер
  • 125 гр путер

За преливот

  • Половина манго
  • 1 голема зрела праска
  • 3-4 супени лажици шеќер
  • 2 листа желатин

Instructions

  • Сомелете го бисквитите во блендер. Следно, растопете го путерот и измешајте го со бисквитите. Добиеното тесто додадете го во соодветен калап, лесно распоредете го и складирајте го во ладилникот.
  • Поставете ја павлаката да се приготвува на оган, додадете млеко и шеќер и веднаш штом течноста ќе зоврие, додадете го крем сирењето и мешајте додека не се стопи. За да побрзо ја направите смесата хомогена, користете маталка.
  • Отстранете ја смесата од оганот и оставете ја на страна,за кратко, а во меѓувреме растворете го желатинот. Потоа додадете го во смесата и измешајте. Не го додавајте желатинот во врела течност, за да не ги изгуби неговите својства.
  • Врз затегнатиот чизкејк додадете фил од манго и праски. Измешајте ги двата вида на овошје и во добиеното пире, растворете го шеќерот. Додадете шеќер колку што сакате, по ваш вкус.
  • Повторно потопете ги листовите желатин во ладна вода. Загрејте малку вода (не треба да врие) и растворете го желатинот во остата. Истурете во мешавината на овошје и промешајте.
  • Нанесете тенок слој од овошната мешавина врз чизкејкот и повторно ставете го во ладилникот, со цел желатинот да се зацврсти. Оставете го во ладилникот околу 4 часа, пред да сервирате.