Моќен домашен пробиотик: Исчистете ги цревата, исфрлете го вишокот на вода и токсини од организамот
Нарушувањето на дигестијата е нешто со кое се соочува секој од нас од време на време. Затоа, потребна ни е ефикасно средство што ќе ја спречи оваа состојба или ќе ни помогне да се вратиме во нормала.
Токму за оваа цел денес ви претставуваме чудесен домашен рецепт за природен напиток кој моќно го чисти организмот, го подобрува варењето на храната и ви дава чувство на леснотија.
Природен напиток за моќно прочистување на организамот
Потребни состојки
- 500 мл млака зовриена вода
- 1 кафена лажица семе од чиа
- Сок од 1 лимон
- Сок од 1 грејпфрут
- Рендано парче свеж ѓумбир
Начин на подготовка и употреба
Исипете ја водата во тенџере, а потоа додадете ѓумбир и оставете ја водата да зоврие додека се приготвува ѓумбирот (околу 5 минути). Кога водата ќе се излади, додадете ги сокот од лимон и сокот од грејпфрут, чиа семето и оставете ја смесата да отстои дополнителни 15-20 минути.
Консумирајте го напитокот во текот на денот. Овој пијалок е совршен пред да заминете или за време на вашиот летен одмор. Делува како пробиотик, а во исто време го чисти и телото.