Пржени компирчиња – Со 1 лажица од оваа состојка тие стануваат совршени како од ресторан, 1 порција не е доволна!
Денес ви ја откриваме необичната тајна на совршените пржени компирчиња со кои истите ќе станат неверојатно крцкави, а воедно и меки, токму како оние кои може да ги вкусиме во најдобрите ресторани!
Пржени компирчиња
Денес ви ја откриваме необичната тајна на совршените пржени компирчиња со кои истите ќе станат неверојатно крцкави, а воедно и меки, токму како оние кои може да ги вкусиме во најдобрите ресторани!
Ingredients
- 3 компири
- 400 мл вода
- 1 кафена лажица сол
- 1 кафена лажица шеќер
- По вкус сончогледово масло
Instructions
- Излупете и измијте ги компирите. Со остар нож или специјално ренде, исечете ги на тенки и еднакви парчиња. Полејте ги со вода, за да не потемнат.
- Следно подгответе ја маринадата. Додадете 2 чаши вода во длабоко тенџере, притоа додадете и сол и шеќер и добро измешајте. Прецедете ги стапичињата од компир и додадете ги во маринадата.
- Оставете ги да отстојат таму 20 минути. За ова време водата ќе стане матна. Прецедете ги и поставете ги компирите на хартија. Истите треба да се исушат.
- Се препорачува и одозгора да поставите салфетки, за побрзо апсорбирање. Потоа поставете ги исушените компири во најлонски плик и оставете ги да отстојат во замрзнувачот 1 час и 30 минути. Може и подолго.
- Во соодветен сад додадете масло за готвење и загрејте го на највисок оган, а потоа додадете ги замрзнатите компирчиња во маслото. Првите 5 секунди, поставете капак одозгора. Пржете на 2 етапи, на секои 5-7 минути прецедете ги компирчињата.