Физиотерапевтот ми откри зошто треба да спијам со перница меѓу нозете – Причината секој треба да ја знае
Просечниот човек поминува една третина од неговиот живот спиејќи, а самото спиење како процес воошто не треба да се потценува. За време на истото многу значајни промени се одвиваат во нашето тело.
Поконкретно, за време на спиењето, ткивата се обновуваат, токсините се одделуваат од мозокот и истиот се регенерира, но според експертите, многу малку луѓе знаат која е најдобрата положба за спиење, за да го постигнеме сето тоа и да имаме квалитетен сон и зајакнато здравје.
Повеќето луѓе претпочитаат да спијат на грб или стомак, но ваквите положби не се многу корисни за нашето здравје, бидејќи во овие случаи, токсините не може да се одделат од мозокот, дишењето може да биде отежнато и лесно може да се појават болки во вратот, грбот и стомакот.
Токму затоа денес ви откриваме која е најпрвилната положба за спиење.
Спиење на страна
Спиењето на страна претставува најправилна положба за квалитетен сон. При истата имаме најмалку отежнато дишење, не се деформира ‘рбетот и ефикасно се елиминираат токсините од мозокот. Перницата треба да биде доволно висока, со цел главата и вратот да бидат хоризонтални.
Со цел да го подобрите квалитетот на вашиот сон и здравјето, поставете и перницата меѓу вашите нозе. Токму во оваа положба, вашиот грб како и сите мускули најдобро ќе одморат и ќе се релаксираат