Најефикасната домашна маска со сода бикарбона која брзо ги отстранува несаканите акни
Секогаш се навраќаме на природата кога имаме проблем со кожата, бидејќи целата козметика започнала најпрво со употребата на природни препарати. Порано немало креми или други производи за нега, па жените успеале на различни начини да лекуваат и отстранат мозолчиња.
Мозолчињата се сериозен проблем со кожата на лицето, но добра вест е дека е можно да се ослободите од нив. Токму еден од еден начините се ефикасните домашни маски за лице, кои се подготвуваат многу лесно, а за кое не ви е потребно да потрошите богатство.
За оваа цел, ви ја претставуваме една од најдобрите домашни маски благодарение на кои брзо и ефикасно ќе ги елиминирате несаканите и здодевни акни.
Сода бикарбона е моќно решение кога станува збор за отстранување на мозолчињата. Тајната е во нејзината грануларна структура која покрај пилинг, овозможува и нежна масажа на лицето против брчки.
За да добиете ефикасна маска за лице против мозолчиња, доволно е да измешате 1 кафена лажица сода бикарбона со малку вода, само за да добиете хомогена мешавина. Ако имате сува кожа, наместо вода, можете да употребите маслиново или кокосово масло, кои се познати по нивните корисни ефекти врз кожата на лицето.
Маска со сода бикарбона е одличен начин да се ослободите и од здодевните црнки. Истата најпрво ќе ги отстрани мртвите ќелии и нечистотијата околу мозолчето, а потоа и самото мозолче.
Во маската може да додадете и лимон, за осветлување на темните дамки.