И со маска е прекрасна! Кејт Мидлтон блесна во нежен фустан, по изолацијата
За време на карантинот и изолацијата, јавноста немаше премногу можности да ја види прекрасната војвотка во јавноста. Но, сега убавата сопруга на принцот Вилијам се појави повторно и ги воодушеви сите!
По повод првиот официјален настан од кралските ангажмани предвидени за месец Август, Кејт Мидлтон ги посети Baby Basics UK, каде имаше можност да разговара за тоа како семејствата во Британија може да ги искористат различните ресурси за финансиска помош.
На настанот, војвотката се појави во нежен фустан и притоа носеше маска, која совршено се вклопува во целата комбинација.