Употребете 2 капки од оваа состојка и ќе се ослободите од комарците засекогаш, а истовремено вашиот дом ќе мириса пријатно
Летото можеби е една од најомилените сезони на повеќето луѓе, но здодевните комарци кои доаѓаат со истото се еден огромен недостаток. Против истите денес на пазарот може да сретнеме голем број на разни производи.
Но, за жал, повеќето од нив не се многу евтини, а притоа и се само за еднократна употреба. Токму за оваа цел, денес ви откриваме домашен трик како многу лесно да направите домашно лекарство против комарци, за кое ќе ви биде непходна една веќе употребена купечка таблета наменета против овие инсекти.
Како да ги обновиме таблетите против комарци, по употребата
Голема предност на овој домашен метод е што значително ја намалува употребата на хемикалии, а воедно е одличен начин да заштедите пари и да не одите секој ден во продавница по нова таблета.
Потребно е да ги извадите употребените таблети од уредот, а потоа со помош на пипета додадете етерично масло по ваш избор, врз самата таблета. Следно, повторно вратете ја таблетата во уредот и слободно вклучете го истиот.
Бројот на капки етерично масло зависи од тоа дали имате навика да спиете со отворени или затворени прозорци. Ако просторијата е почесто затворена, ограничете го количеството на само 1-2 капки од маслото.