Хороскопот може да открие многу за карактерот, недостатоците и доблестите на една личност. И додека сите сакаат да слушнат за своите добри страни, постојат и лоши за кои ретко некој ќе си признае.

А еве кои 3 хороскопски знаци имаат најсилно изразена темна страна и кои важат за најзлобни:

1. Скорпија

Тие често се љубоморни и посесивни. Скорпиите се емотивно незрели, одмазднички и не попуштаат за ништо. Тие се лути, бесни, плачат и имаат тенденција да мразат некоја личност од дното на нивните души. Важат за големи злопамтила.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Девица

Многумина од нив како да не знаат што претставува љубовта, немаат емоции, сè се сведува на физичка врска. Тие се екстремно ладни, а забодувањето нож во грб не им е непознато. Тие се големи нарциси, кои секогаш само гледаат за себе.

3. Јарец

Зборот прости не постои во нивниот речник. Можете да живеете со нив цел живот, да бидете во брак и никогаш да не знаете што точно мислат. Тие не можат да ги изразат своите чувства со зборови. Бегаат по секоја цена веднаш што ќе настане проблем или ќе се појави ризик.Тешко покажуваат емоции, не знаат како да ги изразат, ниту пак примаат.