Совршен десерт без шеќер, брашно и путер – „Го јадам цело лето и не престанувам да слабеам, во 1 парче има само 100 калории!“
Ако внимавате на вашата фигура, но сепак не можете да им одолеете на десертите, тогаш ви предлагаме да го вкусите овој совршен диетален колач, кој има исклучително одличен вкус!
Совршен диетален десерт
Потребни состојки
- 600 гр урда
- 100 гр мед (може да додадете и до 200 гр)
- 2 јајца
- 40 гр нишесте
- Малку ванила (колку на врвот на нож)
- 500 гр пресно млеко за филот + 100 гр за желатинот
- 18-20 гр желатин
Начин на подготовка
Полејте го желатинот со 100 грама пресно млеко. Оставете го 10 минути на страна, за да целосно реагира. Следно, изматете ги јајцата во соодветен сад, додадете го нишестето, налејте малку млеко и добро измешајте ги состојките.
Откако смесата ќе стане хомогена, исипете го преостанатото млеко и повторно добро измешајте, додека смесата да стане мазна. Потоа поставете ја смесата на умерен оган и варете, додека непрекинато мешате во текот на целото време.
Кога ќе ги забележите првите знаци на вриење, варете го филот уште половина или 1 минута, а потоа отстранете го од оганот. Загрејте го желатинот на 60°C, но не го оставајте да зоврие, бидејќи потоа нема да може да се зацврсти.
Пасирајте ја урдата со пасатор, а потоа кон истата додадете ги филот и желатинот. Повторно измешајте со пасатор, до добивање една соединета смеса. Исипете ја добиената смеса во подготвен сад и поставете ја во ладилникот да отстои 6-8 часа, покриена со фолија. При сервирањето декорирајте го совршениот десерт со овошје или растопено чоколадо, по ваша желба.