Домашно средство со кое брзо и трајно ќе се ослободите од здодевните мравки во вашиот дом
Многу често во летниот период ни се случува во домот да се соочиме со непријатната појава на мравки, кои успеваат да достигнат брзо до секој агол во домот, од балконите до самата кујна.
Веднаш штом ќе воспостават свој извор на исхрана, ни се чини дека е невозможно да се ослободиме од армијата здодевни инсекти. Токму за оваа цел денес ви претставуваме едно брзо природно решение, кое дава трајни резултати!
Домашен рецепт против мравки, со глицерин
Кон 1 супена лажица врела вода додадете 2 кафени лажици глицерин, 1 ½ супена лажица шеќер, 1/3 кафена лажица боракс и 1 кафена лажица мед. Добиената смеса измешајте ја добро на слаб оган до целосно растворање на бораксот и шеќерот. Благодарение на ова природно средство лесно и трајно ќе се збогувате со мравките во вашиот дом.