Најдобрата домашна маска за брз и моќен раст на косата
Рицинусовото масло важи за најдоброто природно средство за стимулирање на растот на косата. Откако ќе започнете да го користите, резултатите многу брзо ќе ги забележите.
Тоа го одржува здравјето на скалпот во совршена состојба, што е особено важно кога имате сува скалп и многу првут. Се смета дека помага и при лекување на оштетената коса, а најмногу ќе го поттикне растењето на истата.
Домашна маска за моќен раст на косата
Потребни состојки
- 2 лажици рицинусово масло
- 1 јајце
Начин на подготовка и употреба
Измешајте ги состојките и добиената смеса нанесете ја на вашата коса, а потоа со масирачки движења врз скалпот добро распространете ја истата. Оставете ја маската да дејствува половина час, а потоа исплакнете со ладна вода. Не само што ќе го стимулирате растот на косата со примена на оваа маска двапати неделно, туку ќе го намалите и нејзиното оштетување.
Рицинусовото масло е богато со протеини, а јајцето е корисно затоа што дополнително е богато со биотин (витамин Б7 или витамин Х како што се нарекува и), што ги прави овие две состојки совршени за здравјето на нашата коса.