Арапската принцеза која ја прекрши традицијата и одлучи да не носи бурка и хиџаб – Изгледа неверојатно и нема конкуренција
Кога ќе ги слушнеме зборовите арапска принцеза, веќе си замислуваме како може да изгледа истата, сокриена под традиционалната облека. Но, во современиот арапски свет реалноста е сосема поинаква.
Иако за многумина, хиџабот и бурката се првата асоцијација која ја поврзуваат со арапските жени, новата принцеза на Саудиска Арабија ги руши сите стереотипи. Никогаш нема да ја видите во традицонална облека, туку сосема спротивното! Принцезата Дина Ал Џухани Абдулазис важи за модна икона, без конкуренција.
Во 1998-та година, принцезата стапи во брак со принцот Султан Ибн Насер, по двегодишна врска. Денес тие имаат 3 деца, близнаци и едно девојче. И покрај традициите, Дина не носи таков тип на облека. Таа важи за една од најуспешните дами во бизнис светот и има големо влијание во модната индустрија.
Најголемиот дел од времето го поминува во Европа и Америка, а поседува и сопствена модна куќа.
Погледнете во продолжение како изгледа модерната принцеза: