5-те знаци дека партнерот сака да стави крај на вашата врска, но нема храброст да ви каже
Според љубовните експерти, вака се однесуваат мажите кога сакаат да стават крајн на нивната љубовна врска, но сепак немаат доволно храброст и очекуваат нивната половина да го преземе тој чекор
1. Престанува да прави планови со вас
Ако некогаш, постојано бевте заедно, а сега се чини дека тој сега ја користи секоја можност за да не се видите и постојано има изговори за било која ситуација, очигледно е дека не сака да биде со вас.
2. Започнува да се допишува повеќе со други жени
Со колешка од работа, сестра од пријател, девојката со која се запознал минатиот викенд, можеби нема да ве изневери во вистинска смисла на зборот, но тој веќе знае дека вашата врска нема да трае долго, па веќе го истражува теренот за нова партнерка. Дали неговиот мобилен телефон е во рака почесто од порано?
3. Сè што правите започнува да му пречи
Ако не се сеќавате дека некогаш бил толку раздразлив, ова е многу веројатно начинот на кој тој се справува со неговите чувства за крајот на вашата врска, кои се многу збунувачки за него.
4. Не сака да води љубов
Според љубовните експерти, нема поочигледен знак од овој, особено кога знаете дека не се справува со никаков конкретен проблем и се чини секогаш расположен, освен кога доаѓа ред за вашите интимни односи.
5. Не е среќен кога сте заедно
Нема да помине долго време пред да сфатите дека тој веќе не е возбуден и среќен околу вас, а многу често и се однесува депресивно и негативно. Се разбира, има такви денови во секоја врска, но ако по број ги надминуваат оние среќните денови, сè е јасно.