Мала доза на љубомора во врските, па дури и во пријателствата е нормална, но има и такви луѓе што буквално се болни од љубомора. Поблагата форма на љубоора е нормална и е доказ за постоење на емоции.

Сепак, потешките форми не се здрави и можат многу да влијаат на животот на една личност. Според хороскопот, ова се двата најљубоморни знака во хороскопот.

1. Скорпија

Претставниците на овој знак се песимистички настроени и недоверливи, па затоа е тешко за нив да одржуваат врски и пријателства затоа што секогаш размислуваат однапред што може да се случи и што би можело да тргне наопаку. Тие се прилично посесивни и не можат да издржат да бидат одвоени од луѓето за кои се грижат, при што се агресивни кога немаат сè под контрола.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2 Јарец

Јарците никогаш не се целосно задоволни од својот живот, па затоа постојано размислуваат за тоа какво би било да се биде некој друг и затоа тие секогаш мислат дека другите се подобри од нив. Нивнит врски опстануваат многу тешко затоа што постојано размислуваат за тоа што може да се случи со нивниот партнер и дали се доволно добри за нив. Поради нивната несигурност, тешко им е да имаат сериозни врски.