Доколку и вие сте едни од оние кои уживаат во мирисот на чистата и исперена облека, денес ви откриваме едноставен трик за тоа како да направите мирисот да трае подолго, со ист интензитет.

Ќе ви биде потребно

  • Празно шише – спреј
  • Половина чаша од вашиот омилен омекнувач за облека
  • 1 супена лажица сода бикарбона
  • Топла вода

Начин на подготовка и употреба

Исипете половина чаша од омекнувачот, притоа додадете и лажица сода бикарбона и топла вода во празно шише – спреј. Важно е водата да биде топла, со цел содата да се раствори.

Протресете го шишето пред секоја употреба. Овој спреј можете да го користите и за крпи и постелнина, како и за завеси.

Веднаш наутро, нанесете ја оваа течност на завесите и отворете го прозорецот, така што влезениот воздух ќе го распрсне пријатниот мирис низ целата просторија.