Популарната американска пејачка Кејти Пери е љубител на трендот кој го следат многумина ѕвезди, а тоа е што повеќе да објавуваат фотографии во природно издание, а сега таа сосема гордо ги покажа „несовршеностите“ само неколку дена по породувањето.

Поубавата половина на Орландо Блум, пред само неколку дена на свет го донесе нивното прво дете, нивната ќерка, а сега 35-годишната Кејти објави фотографија на нејзиниот Инстаграм профил, позирајќи во долна облека, при што покажа како навистина изгледа нејзиното тело, односно телото на мајка која неодамна се породила.

Фановите, особено дамите се воодушевени од фотографијата, бидејќи ги покажува мајките во природно издание: