Мајка на три деца сподели трик за ефикасна поделба на грицките на дневна основа и родителите ја обожаваат идејата
Додека семејствата низ целиот свет практикуваа социјално дистанцирање, некои дури беа врзани за време на нашата колективна борба против пандемијата на коронавирусот. За време на овој тежок период, на сите ни беше здодевно. Но, не е проблемот со дополнителното слободно време, туку со она што го правиме. Многу деца на пример по цел ден сакаат да грицкаат слатки и солени грицки. Мајка на три и блогерка за родители Џен Халстром, сепак, се засити од нејзините деца што толку многу сакаат да јадат сѐ и сешто и реши да стави крај на тоа.
„Постојано гледав објави за деца кои сакаат да јадат по цел ден додека се дома. Ова е моето решение! Секое дете си има своја кошница во боја. Наутро ги ставам нивните грицки за денот и кога овие грицки ќе ги нема не добиваат уште. Ова прави да застанат и да се замислат, дали навистина ми требаат грицки? Исто така тамо им ја ставам и чашката за тој ден, затоа што нема да мијам 50 чаши на ден! Хахаха!“, напишала Џен на Фејсбук.
Халстром вообичаено ставала 3-4 закуски таму цел ден и открива дека дури и не ги јаделе сите. „Ако е закуска за во фрижидер како јогурт или зеленчук, таа се чува во одреден сад во фрижидер. Тие исто така добиваа само една чаша на ден, што навистина, навистина помогна во мојот проблем со постојаните садови.“