Модната дизајнерка Ојинда Акинфенва од Нигерија создава прекрасни мултифункционални фустани кои лесно може да се носат многу поинаку за да одговараат на вашето расположение и да го одржуваат вашиот стил секогаш свеж. Неодамна, таа објави смарагдно зелен фустан кој може да се стилизира на 4 начини.

„Кога се обидувам да создадам вакви фустани, понекогаш ми требаат недели за да смислам нешто, а понекогаш ми требаат и денови.“ вели дизајнерката, која управува со сопствен бренд, наречена Janore. Таа се чувствува на врвот на светот кога дизајнира облека и се надева дека и нејзините клиенти се чувствуваат исто кога ја носат.

Овој смарагдно зелен фустан можете да го стилизирате на 4 начини, а тие изгледаат фантастично!

 

https://www.youtube.com/watch?v=ShOqjjSQXXw&feature=emb_title