Мерјем Узрели ќе стане мајка по втор пат, а еве кој популарен актер е таткото
Прекрасната актерка Мерјем Узрели позната по нејзината улога Хурем во турската хит-серија „Величествениот“ е самохрана мајка која веќе се грижи за нејзината ќерка, а сега актерката откри дека е бремена по втор пат.
Мерјем официјално ја потврди веста во јавноста: „Бремена сум во 5-ти месец и ако сето помине во најдобар ред, се очекува во текот на Јануари да родам уште едно девојче. Лара одамна посакуваше да има брат или сестра и пресреќна сум што наскоро ќе ја исполнам оваа нејзина желба.“
Мерјем исто така сподели дека веќе подолго време во нејзиниот живот има нов маж, односно нов партнер, но одбива да го открие неговиот идентитет. Сепак турските медиуми и нивните извори, откриваа дека станува збор за убавиот турски актер Чалар Ертуурл, кои дамите го обожаваат поради неговиот атрактивен изглед.